
Шпанија и Швајцарија вечерва (18 часот) во Санкт Петербург ја отвораат серијата четвртфинални пресметки на Европското првенство. По елиминацијата на светскиот првак Франција, Швајцарците ќе се обидат да направат уште едно изненадување. Но, „црвената фурија“ е подготвена.
Селекторот Луис Енрике има пофални зборови за ривалот и вели дека нема да ја потценат Швајцарија во ниту еден момент.
„Швајцарците се квалитетен противник, тие се веќе во четвртфиналето и ја елиминираа Франција. Сигурно нема да ги потцениме. Вусшност, ние добро се познаваме од натпреварите во Лигата на нации. Ќе биде тешко, тоа е јасно, но јас досега на ЕВРО не видов посилен тим од нашиот“, изјави Луис Енрике.
Владимир Петковиќ, селекторот на Швајцарија, најавува уште едно изненадување.
„Дојдовме до овде сосема заслужено. И нема да застанеме тука. Ќе се обидеме да одиграме најдобро што знаеме и против Шпанија. И знаеме дека не сме без шанси“, изјави Петковиќ, кој во четвртфиналето ќе го нема на располагање капитенот Гранит Џака.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
