
Борусија Дортмунд официјално објави дека постигнат е договор со Манчестер Јунајтед за трансферот на Џејдон Санчо. Бундеслигашот ќе добие 73 милиони фунти и уште 5 милиони фунти во потенцијални бонуси.
Извршниот директор, Ханс-Јоаким Вацке, го потврди трансферот.
„Постигнавме договор со Манчестер Јунајтед за трансфер на Џејдон Санчо, во очекување на целосно завршување на зделката, бидејќи има уште некои формалности за договарање и комплетирање на лекарскиот преглед. На крајот на денот, ова е направено експлицитно на барање на Јадон. Ние би сакале да го задржиме. Но, тој се однесуваше фантастично и беше одличен во втората половина на сезоната. Ние сме задоволни од финансискиот дел, но тажни сме што тој заминува. Сепак, ќе најдеме решенија. Имам целосна доверба во Себастијан Кел и во Микаел Цорк“, изјави извршниот директор на Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal