Англискиот премиерлигаш Астон Вила се обидува да го задржи играчот од средниот ред Џек Грилиш во тимот. Раководството на клубот се обидува да го одбие нападот на шампионот Манчестер Сити кој го пикира Грилиш како големо засилување.
Астон Вила на 25-годишниот Англичанец му нуди нов договор со плата од 150.000 фунти неделно.
Сепак, повеќе од извесно е дека Грилиш ќе го прифати предизвикот да се пресели во тимот на Пеп Гвардиола и во иднина да го носи дресот на Манчестер Сити.
Во сезоната 2020/2021, Грилиш забележа 27 настапи за Астон Вила, постигнувајќи седум гола и 12 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal