Светскиот првак Франција доживеа дебакл на Европското првенство откако дојде елиминација на самиот старт од нокаут фазата. „Триколорите“ на неверојатен начин испуштија водство од 3-1, дозволија Швајцарија да израмни во последните десетина минути, а потоа на пенали и да слави пласман во четвртфиналето.
Французите имаат огромни замерки за селекторот Дидие Дешамп, тврдат дека тој ги испуштил конците од играта и дека морал да реагира многу подобро во завршницата за мирно да го приведе мечот до крај. Тој не само што не го стори тоа, туку со хаотични измени внесе дополнителен немир во тимот. Ги повлече и Антоан Гризман и Карим Бензема, а Франција во продолженијата немаше стабилност и карактер за да обезбеди победа.
Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грает, е премногу разочаран од елиминацијата на националниот тим и најави дека ќе има сериозен разговор со Дидие Дешамп. Тој е многу блиску до отказ, а како ново решение за селекторската позиција се наметнува Зинедин Зидан, досегашниот тренер на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













