
Швајцарија го направи најголемото изненадување во досегашниот тек од Европското првенство елиминирајќи го светскиот првак Франција по изведување пенали (5-4) откако дуелот во регуларниот тек заврши 3-3. Избраниците на Владимир Петковиќ имаа херојско враќање во финишот кога постигнаа два гола за десетина минути и ја анулираа негативата од 3-1.
„Горд сум на овој тим и на начинот на кој успеавме да го елиминираме светскиот шампион. Победивме еден неверојатен тим кој има по најмалку пет одлични фудбалери на секоја позиција. Мислам дека на Французите им се одмазди и нивната ароганција. Покажаа премногу арогантност на 3-1. Тогаш помислија дека се е готово, а ние рековме дека ќе играме храбро до самиот крај. И тоа ни се исплатеше. Жалам само за едно, нема да смеам да играм во четвртфиналето“, изјави капитенот на Швајцарија, Гранит Џака.
Швајцарија во четвртфиналниот дуел на ЕВРО ќе се сретне со селекцијата на Шпанија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
