Светскиот првак Франција доживеа сензационална елиминација од Швајцарија на Европското првенство по изведување на пенали (5-4). Трагичар на ударите од белата точка беше Килијан Мбапе, откако швајцарскиот голман Јан Зомер го одбрани неговиот удар. Претходно, во регуларниот тек мечот заврши 3-3, а Французите имаа водство од 3-1 до 81.минута.
Мбапе се огласи по мечот преку социјалните мрежи.
„Жал ми е поради пеналот. Сакав да им помогнам на момците, но не успеав. Долго нема да можам да спијам поради ова. Навивачи, знам дека сте разочарани, сакам да ви се заблагодарам на поддршката, затоа што секогаш верувате во нас“, напиша Мбапе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













