
Светскиот првак Франција доживеа елиминација од Швајцарија во осминафиналето по изведување пенали (5-4). Сензационално, Швајцарците успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Европското првенство каде ќе се сретнат со Шпанија. Зомер го одбрани петтиот пенал на „триколорите“ што го изведе Килијан Мбапе.

Еден неверојатен натпревар доживеа кулминација со изведување удари од белата точка, откако имаше шест гола во регуларниот тек рашарани со многу пресврти. Швајцарија поведе, потоа беше на работ на елиминација, но се врати како феникс израмнувајќи на 3-3.
Швајцарија му зададе многу мака на светскиот првак Франција. Харис Сеферовиќ во 15.минута искористи невнимание на Ленгле и со удар со глава го совлада Хуго Лорис.
Швајцарците во 55.минута имаа шанса да го нокаутираат светскиот првак, но Хуго Лорис го одбрани пеналот на Рикардо Родригез. Помогна со совет веројатно и Карим Бензема кој потоа за четири минути донесе пресврт. израмни во 57.минута, а две минути подоцна и донесе предност за „триколорите“.

Пол Погба зголеми на 3-1 со прекрасен удар од далечина во 75.минута. Но, Швајцарија не се предаде.

Харис Сеферовиќ во 81.минута намали со својот втор гол, а Марио Гаврановиќ ја шокира Франција со гол зa израмнување во 90.минута. Мечот отиде во продолженија, а потоа и на пенали. На крајот славеа Швајцарците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Евро-фудбал
Флоријан Вирц бил на преговори и на „Енфилд“
