Шпанија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство откако во Копенхаген ја совлада Хрватска со 5-3, дури по продолженија. Таму ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Франција и Швајцарија кој се игра вечерва во Букурешт.
Селекцијата на Златко Далиќ на стартот се определи за дефанзивен пристап, а поведе без да шутне кон голот, со неверојатниот кикс на голманот на Шпанија, Унаи Симон. Педри му ја врати топката од средината на теренот, а тој не успеа да ја сопре и отседна во мрежата во 20.минута.
Но, Шпанците брзо се вратија со голот на Пабло Сарабија во 38.минута од мечот, а во вториот дел направија и комплетен пресврт.
Цезар Аспиликуета во 57.минута ја доведе Шпанија во водство од 2-1, а Феран Торес го постигна третиот гол за „црвената фурија“ во 77.минута. И кога сите мислеа дека Шпанците ќе слават рутински, Хрватска се врати, но откако го промени пристапот во комплетно офанзивен.
Мислав Оршиќ намали на 3-2 во 85.минута, а Марио Пашалиќ во судиското продолжение израмни на 3-3.
Сепак, Шпанија имаше повеќе сили во продолженијата. Алваро Мората кој беше многу критикуван за слабата реализација, погоди во 100.минута за ново водство на „фуријата“, а Микел Ојзарзабал три минути подоцна го потврди триумфот. Асистент на двата гола беше Дани Олмо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal