
Искусниот белгиски репрезентативец и стопер на Бенфика, Јан Вертонген, е во Португалија веќе една година. Тој тврди дека неговите деца започнале да ја поддржуваат Португалија.
„Моите деца се на училиште во Лисабон и таму, како и сите други, ја бодрат репрезентацијата на Португалија. Морам да им објаснам дека тато вечерва ќе игра против Португалија. Мислам дека тие не разбраа добро”, рече Вертонген.
За 34-годишниот дефанзивец дуелот со Португалија е посебен.
„Го одиграв мојот прв и стоти натпревар за Белгија против Португалија. Се чини дека таа нација е заедничката нишка во мојата кариера. Ова ќе биде посебен меч за мене”, вели одбранбениот фудбалер.
Тој со пофални зборови се изрази за квалитетите на Португалија.
„Тие со години имаат одлични играчи, предводени се од Роналдо. Нивните фудбалери играат во најголемите лиги и клубови и освојуваат титули. Тоа е врвен тим што е изграден со текот на времето. Што се однесува до Португалија, тоа е фантастична земја со срдечни луѓе. За неколку месеци создадов голем број пријателства“, дополнува Вертонген.
Белгија и Португалија ќе се сретнат в недела од 21 часот, а ова ќе биде 130. натпревар за Вертонген во дресот на Белгија. Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе се сретне со Италија, која синоќа ја победи Австрија по продолженија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
