
Фудбалската репрезентација на Италија се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство, откако на „Вембли“, по продолженија, славеше со 2-1 против Австрија. Во следната рунда, „аѕурите“ го чекаат подобриот од дуелот меѓу Белгија и Португалија.
Во регуларниот тек од мечот немаше голови, но потоа се отвори серијата погодоци.
Федерико Киеза во 95.минута донесе водство, Матео Песина во 105.минута зголеми на 2-0, а Саша Калајџиќ само успеа да постигне почесен гол за Австријците во 114.минута.

Италија беше подобра во првото полувреме, Чиро Имобиле со удар од далечина го погоди местото каде се спојуваат гредата и дирекот, а и Лоренцо Инсиње имаше неколку можности, но не беше прецизен.
Во вториот дел, Австрија покажа што умее, имаше надмоќ, но, сепак, не се тресеше мрежата на Џанлуиџи Донарума.
Потоа Роберто Манчини направи замени, ги внесе во игра Локатели, Песина и Киеза и тоа донесе триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
