Влијателниот шпански весник „Марка“ го вброи капитенот Горан Пандев меѓу фудбалерите кои го одбележаа првиот дел од Европското првенство. Тој го постигна историскиот прв гол за Македонија на европските првенства, а на третиот меч со Холандија и се збогува од дресот со националниот грб. Соиграчите го испратија со шпалир, а Пандев зад себе пстави 122 натпревари и 38 постигнати гола. Се збогува од македонскиот дрес на најголемата европска сцена.
„Македонија беше дебитант, испадна во првата фаза, но поранешниот фудбалер на Лацио, Интер и Наполи остави печат на голем начин. Со неговиот гол против Австрија во поразот со 1-3, стана вториот најстар фудбалер кој дал гол на едно Европско првенство, со 37 години и 321 ден, а само Австриецот Ивица Вастиќ од 2008 година е постар стрелец од него (38 години и 257 дена). Пандев исто така изнуди пенал по кој Езгјан Алиоски даде гол против Украина (1-2), а во поразот од Холандија (0-3) со шпалир соиграчите го испратија во пензија со 122 меча и 38 гола во кариерата“, пишува „Марка“.
Друштво на Пандев му прават и ѕвезди како Кристијано Роналдо (Португалија), Лука Модриќ (Хрватска), Џорџинио Вајналдум (Холандија), Мануел Локатели (Италија), Патрик Шик (Чешка)…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













