
Германската легенда Лотар Матеус е збунет од фактот дека Џејдон Санчо, еден од најдобрите играчи во Бундес – лигата, досега одигра само шест минути на Европското првенство.
Во Англија има навистина голем број врвни играчи, особено во офанзивниот дел, па играчот на Борусија Дортмунд не ја доби вистинската можност за игра. Најчесто седи на клупа, а на првите три натпревари вкупно доби само шест минути.
Англија ќе игра против Германија во осминафиналето, а најавите се дека Санчо ќе го пропушти и овој спектакл, или ќе добие шанса само во финишот.
„Тој беше еден од најдобрите играчи во Бундес – лигата во последните две години. Ако не е доволно добар за вас, ќе му дадеме германски пасош. Изненадени се сите Германци, дали е можно еден таков играч да не игра?“, анализира Матеус.
Тој исто така го коментираше она што сите со нетрпение го очекуваат – судирот меѓу Англичаните и Германците на „Вембли“ во осминафиналето на ЕВРО. Натпреварот во вторник ќе биде осми дуел меѓу гигантите.
Англичаните ретко славеа, само во финалето на СП 1966 година и во групната фаза на ЕВРО 2000. Она што ги загрижува Англичаните, тие никогаш не ги добија Германците на пенали.
„Англија има шанса против Германија, но не и на пенали. Ако има пенали, Германија ќе победи. Англичаните не треба да дозволат тоа да се случи. Тие знаат дека секогаш сме биле подобри од нив на пенали. Ние сме фаворити кога се изведуваат пенали. Тоа би бил голем притисок за англиските играчи“, изјави Матеус.
Победникот од мечот Англија – Германија ќе игра во четвртфиналето против подобриот тим од натпреварот Шведска – Украина, а во тој дел од ждрепката се и Холандија – Чешка и Велс – Данска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
