Италијанскиот калчолигаш Џенова и официјално му понуди на Горан Пандев нов едногодишен договор. Тренерот Давиде Балардини сака да го има во тимот и следната сезона, а најдобриот македонски фудбалер во историјата ќе треба за брзо време да донесе конечна одлука, дали ќе игра уште една сезона или пак ќе стави конечен крај на кариерата.
Пандев по завршувањето на Европското првенство објави дека дефинитивно се повлекува од фудбалската репрезентација на Македонија. Тој одигра 122 натпревари и постигна 38 гола во националниот тим. Тој не беше категоричен во ставот дека ќе стави и конечен крај на кариерата, со оглед дека потенцираше како неговото тело веќе не е способно да се натпреварува на два фронта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













