Заврши групната фаза од Европското првенство, Македонија и покрај трите порази гордо се претстави на големата сцена, а најголемиот фудбалер во македонската историја, Горан Пандев, стави крај на репрезентативната кариера.
Тој го постигна првиот историски гол за Македонија на европските првенства, а го изнуди и пеналот за вториот гол што го постигна Алиоски. И на Европското првенство ја покажа врвната класа, па се најде меѓу 23-те прашања на ирскиот весник „Balls.ie“, кој праша дали Пандев ја има формулата против стареење.
„Дали Горан Пандев го откри лекот против стареење? Да се види Горан Пандев како постигна гол на овој турнир беше извонреден момент. Можевме да се заколнеме дека човекот има 35 години последната деценија. Горенаведената слика е од пред десет години. Можеби е потенцијален вампир?“, пишуваат во Ирска.
Следното прашање е уште пошеговито. Дали Игор Ангеловски е следниот тренер што ќе го одбие Тотенхем ова лето.
„Кој менаџер од ЕВРО 2020 ќе продолжи да го лови Тотенхем? Откако ги мина сите други менаџер во Европа, Тотенхем несомнено ќе се сврти кон некои меѓународни релации за да го пополни тренерското место. Дали Игор Ангеловски замина од клупата од Македонија затоа што е побаран Даниел Леви? Можеби и тој ќе го одбие.“
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski