Селекторот Луис Енрике уживаше откако Шпанија ги победи Словаците со 5-0. „Фуријата“ на овој начин го најави осминафиналето со Хрватска на најдобар можен начин.
По два послаби настапи во првите две кола против Шведска и против Полска, Шпанија ја декласира Словачка. Ова беше доволно за Енрике да биде задоволен и да испрати порака до Хрватска.
„Топката не сакаше во голот во првите 15 минути, но да не бидам среќен по крајниот исход. Атмосферата е многу добра и се радуваме на следниот натпревар. Има шест до осум фаворити за титулата на ЕВРО од она што го видов досега, без сомнение. Во осминафиналето ќе играме против Хрватска. Прашајте ги ривалите, тие сигурно не се воодушевени што ќе играат против Шпанија“, изјави Луис Енрике.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













