Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо беше стрелец на двата гола од пенал за својата репрезентација на синоќешниот дуел со Франција (2-2), по кој актуелниот европски првак ќе игра против Белгија во осминафиналето.
Ова е петти гол на Роналдо на турнирот, кој е убедливо најдобар стрелец на ЕВРО досега. Легендарниот Португалец постави уште еден рекорд за кој многумина тврдеа дека никогаш нема да биде урнат.
Роналдо постигна 109 голови во дресот на Португалија израмнувајќи го рекордот на легендарниот Али Даеи кој оствари ваков неверојатен ефект во дресот на Иран.
Поранешниот напаѓач на Баерн постигна 109 гола на 149 настапи за Иран меѓу 1993 и 2006 година. Досега никој во интернационалниот фудбал го немаше тоа достигнато.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













