Велат, не знаете што имате додека не го загубите. Ние знаевме дека имаме врвна класа, некогаш и не го почитувавме доволно, но по враќањето пред пет години ја доби максималната поддршка и респект од сите. Го обедини народот, им го покажа патот на помладите кон Европа, му даде збор на селекторот Игор Ангеловски дека ќе го вложи и последниот атом од силите за Македонија да оди на едно големо натпреварување. Да го исполнат сите заедно сонот на сите Македонци.
И му успеа тоа на Гранде Пандев, донесе заедно со соиграчите огромна радост за цела Македонија. Ни ја врати и гордоста која многу други во оваа земја се обидоа да ни ја одземат, посебно политичарите.
Гранде Пандев се прости на „гранде“ начин. На велелепната „Јохан Кројф арена“, со подарок со посвета од федерацијата на Холандија, со громогласен аплауз од околу две илјади Македонци кои дојдоа и во Амстердам да ги бодрат македонските репрезентативци. А токму тие му ја оддадоа најголемата почит, неговите следбеници, правејќи шпалир за најголемиот.
Убаво е тоа, емотивно, ти доаѓа да се наежиш, да застанеш и да аплоудираш и да се придружиш на извикот: „Гораан Пандев“!
Гранде Пандев заслужува Гранде испраќање и во Скопје. Пред македонската публика. И ако е решен веќе да не игра, што секако мора да се респектира и е негова желба и волја, Горан Пандев мора да биде повикан како специјален гостин на натпреварот против Германија во Скопје, а преку 35.000 гледачи (верувам дека ќе се соберат само за тоа, иако ќе гостува Германија) да го поздрават и да го скандираат неговото име. Горан Пандев заслужува триумфалниот проштален круг да го истрча во Скопје, на Националната арена, каде имаше многу среќни, но и тажни и нервозни моменти со националниот тим. И цела Македонија уште еднаш да му каже….Горане, Гранде Капитано, благодариме за се!
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski