
МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Амстердам,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Холандија со 3-0 на „Јохан Кројф арена“ на последниот натпревар од Европското првенство. Овој меч ќе остане засекогаш во историјата како последен во дресот на Македонија за големиот капитен Горан Пандев, најдобриот фудбалер во македонската историја. Забележа 122 настапи за националниот тим, го поздравија и Холанѓаните за блескавата кариера и му подарија холандски дрес со бројката на натпревари за Македонија.
На фудбалски план, Холандија очекувано беше подобра на овој меч. Ангеловски изведе офанзивен состав, со Пандев, Тричковски и Трајковски, и со Елмас како поддршка од средниот ред.
Александар Трајковски во 22.минута го погоди дирекот од голот на Холандија со „бомба“ од 25 метри, а само две минути подоцна Холандија поведе. По очигледен фаул над Пандев што не го досуди судијата Иштван Ковач, а ниту со ВАР снимката не беше корегирано, Холанѓаните тргнаа во брз противнапад што го реализираше Мемфис Депај.
До крајот на првиот дел, Депај и Вајналдум имаа уште две убави шанси, но Столе Димитриевски бранеше одлично.
Во 51.минута, Џорџинио Вајналдум зголеми на 2-0 по асистенцијата на Мемфис Депај, а само седум минути подоцна капитенот на „лалињата“ уште еднаш ја погоди нашата мрежа.

Се закани Енис Барди од слободен удар, но Стекеленбург успеа да одбрани, а до крајот Холанѓаните ја погодија и гредата.

Македонија доживеа три порази на ЕВРО 2020, со гол разлика 2-8 и го освои последното место во групата Ц. Сепак, исполнет е сонот на сите генерации, за учество на Европско првенство.
Отсега Македонија ќе мора да продолжи без иконата Горан Пандев, но по неговите стапки по нови успеси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
