Connect with us

Димитриевски: Дојдовме во Амстердам по позитивен резултат

МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Амстердам,

Никола Ѓуровски

Голманот Столе Димитриевски беше најзабележителниот поединец во репрезентацијата на Македонија на првите два натпревари на Европското пренство. Нашиот национален тим загуби од Австрија (3-1) и од Украина (2-1), но голманот на Рајо Ваљекано воодушеви на голот со своите одбрани.


Тој верува дека Македонија може да одигра квалитетно и против фаворитот во групата Холандија и се надева на поволен резултат во Амстердам.


„Дојдовме во Амстердам со една цел, да оствариме позитивен резултат и да и израдуваме македонските навивачи. На првие два меча загубивме, но оставивме добар впечаток“, вели Димитриевски.


Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (18 часот) на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам го игра третиот и последен натпревар на Европското првенство. Ќе биде тоа проштален меч во националниот тим за капитенот Горан Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови