МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Амстердам,
Никола Ѓуровски
Последен тренинг. Соиграчите го креваат Гранде Пандев на раце. Македонското фудбалско божество го одработи последниот тренинг со селекцијата на Македонија, а вечерва (18 часот) на „Јохан Кројф арена“ ќе го одигра и последниот меч во националниот дрес.
На сите Македонци им го оствари сонот – нашата репрезентација да биде дел од Европско првенство. Откако мисијата е завршена, заминува во легендите, како најголемиот во историјата. Најверојатно ова ќе биде и крај на неговата фудбалска кариера иако постои мала можност можеби и да продолжи да игра уште една сезона во Серија А.
„Не можев да посакам поубаво збогување. Во дресот на Македонија на Европско првенство, на прекрасната арена „Јохан Кројф“. Секогаш имам многу емоции кога играм во дресот на националниот тим, но денеска ќе биде посебно“, изјави Горан Пандев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













