
МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Амстердам,
Никола Ѓуровски
Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, утре ќе стави официјален крај на репрезентативната кариера. Тој вели дека не можел ниту да посака подобро збогување од националниот тим.
„Да, за мене ова е последен меч во македонската репрезентација. Мислам дека заедно со селекторот, направивме голема работа што не знам дали некој воопшто ќе ја повтори во Македонија. Секој натпревар за мене е со посебни емоции, сигурно ќе биде и за мене посебно емотивно. Мојот сон како и сонот на сите Македонци е остварен, нашата репрезентација да игра на Европско првенство. Можеби после натпреварот ќе ми биде малку чудно, но среќен сум што Македонија играше на едно големо натпреварување. Ова е крај на мојата кариера. Истечен ми е договорот со Џенова“, изјави Горан Пандев.
Тој вели дека има неколку фудбалери кои би можеле да го наследат како лидери во националниот тим.
„Тука се Стефан (Ристовски), Адеми, Елиф, Барди, заедно со Алиоски, со Дарко Велковски, имаат голем квалитет многумина од нив и се супер момци. Јас ќе бидам најголем навивач на Македонија“, изјави Горан Пандев.
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) го игра последниот натпревар на Европското првенство. Ќе биде тоа последен меч за Горан Пандев, а веројатно и за селекторот Игор Ангеловски на кормилото на националниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
