
МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Амстердам,
Никола Ѓуровски
Холандија со две победи од првите две кола утре влегува во пресметката против Македонија на „Јохан Кројф арена“. Но, селекторот Франк де Бур нема намера да го менува целиот тим, најави само две замени. И има голем респект за Македонија во пресрет на мечот.
„Македонија не е лесен ривал иако веќе нема шанси за пласман во осминафиналето. Тие сигурно ќе дадат сè од себе за добар резултат на утрешниот меч. Ова е нивно прво учество, ќе сакаат бодови, победа или најмалку реми. Не е лесно да се победи оваа селекција, тие ја победија Германија, а на ова првенство Австрија и Украина тешко стигнаа до триумф. Јасно е дека не очекува нов тежок меч, но се надевам дека ќе имаме добар ден и дека ќе победиме“, изјави Франк де Бур на прес – конференцијата во пресрет на дуелот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
