Репрезентацијата на Англија победнички го отвори Европското првенство. Славеше со 1-0 над Хрватска во воедниот натпревар од групата Д кој се одигра на Вембли.
Наградата за храбрата и бескомпромисна игра за „Гордиот Албион“ стигна во 55-та. Филипс издржа неколку дуели и ја протна топката до Рахим Стерлинг кој од прва шутираше и го матираше Ливаковиќ.
Шест минути по водечкиот погодок, Англија, имаше шанса да стави точка на натпреварот, но Хари Кејн не погоди од непосредна близина и не успеа да го дуплира водството.
Хрватите иако се разиграа не беа конкретни, завршувајќи сите напади без директен обид кон противничкиот гол. Најблизу беше Анте Ребиќ, кој биеше покрај голот. Во финишот „коцкастите“ нападнаа со сите расположливи средства, но не успеаја да погодат и да избегнат пораз.
Англија во втората рунда од групната фаза силите ќе ги одмери со Шкотска, додека Хрватска ќе се судри со Чешка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













