Кристијан Ериксен доживеал срцев удар за време на натпреварот меѓу Данска и Финска потврди попладнево докторот на данскиот национален тим.
Ѕвездата на данската репрезентација падна на теренот непосредно пред полувремето од средбата.
„Срцето му застана. Направиве реанимација. Доживеа срцев удар. Колку бевме блиску да го загубиме, не можам да кажам, но брзо го вративме, веќе по првиот обид и тоа е добро“ – рече Мортен Босен.
29-годишниот играч на Милан доби итен медицински третман на теренот, а потоа беше одведен во болница. Периодот на неизвесност додека лекарите го спасуваа предизвика ужасен страв и паника кај сите на стадионот, но и кај целата светска јавност.
Данската фудбалска федерација денеска соопшти дека Ериксен е во стабилна сосотојба, разговарал и ги поздравил соиграчите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













