Connect with us

Стојков дојде да навива за Пандев и другарите: Победуваме со 2-0

МАКФУДБАЛ на ЕВРО во Букурешт,

Никола Ѓуровски

Ацо Стојков. Во едно не така далечно минато беше супер тандем со Горан Пандев во репрезентацијата на Македонија. Сега дојде да навива за својот голем пријател и за националниот тим во Букурешт. Вели – Македонија победува, го знае и резултатот.

„Македонија победува со 2-0. Ги знам и стрелците. Како со Германија“, вели Стојков.

Повеќе од пет илјади Македонци пристигнаа во Букурешт во пресрет на историскиот прв натпревар на Македонија на европските првенства.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови