
Легендарниот фудбалски ас Предраг Мијатовиќ, кој со Реал Мадрид застана и на кровот на Европа, вели дека поради селекторот Игор Ангеловски, кој е негов голем пријател, ќе има посебнио симпатии кон Македонија на престојното Европско првенство 2020.
„Не би рекол дека ќе бидам нечиј навивач на ЕП, но ако веќе ме прашувате за одговор, би сакал Хрватска да го повтори успехот од последниот мундијал, а со цело срце ќе бидам и за Македонија. Селекторот Игор Ангеловски е мој пријател и навистина ми е многу мило што со неговиот тим направи историски успех“, изјави Предраг Мијатовиќ за српски „Блиц“.
Тој смета дека Франција е прв фаворит за титулата, а не ги отпишува и Германија, Португалија, Шпанија, Италија и Белгија.
„Не треба да се трошат зборови за квалитетите на Франција. Тие се најкомплетниот тим на турнирот, но не сакам да ги заборавам и Португалија со Роналдо, како и Германија која 25 години чека на европска титула. Шпанија и Италија имаат добри тимови, како и Белгија“, истакнува Мијатовиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан

Евро-фудбал
Падна договор, Мбеумо доаѓа на „Олд Трафорд“
