
Фудбалската репрезентација на Македонија го исполни сонот на сите генерации, успеа да се пласира на Европското првенство, но сега Горан Пандев и неговите помлади соиграчи имаат нова цел. Селекторот Игор Ангеловски ја крена летвичката и сака од селекцијата да се обиде да избори пласман во втората фаза од големото натпреварување.
Сонот ќе се живее со отворени очи, ќе се ужива во секој момент на теренот, но како што вели капитенот, кога ќе почне натпреварот, тогаш сите мислат само на фудбал и на победа. А тој е убеден дека Македонија може да направи голем резултат и на ЕВРО.
„Подготвени сме за новото искушение. Убеден сум дека можеме да ја поминеме групата на Европското првенство. Противниците се силни селекции, ги респектираме, но оваа генерација е најдобрата во македонскиот фудбал и докажа дека е способна за големи нешта“, вели капитенот Горан Пандев.
Тој беше стрелец на победничкиот гол против Грузија во плејофот од Лигата на нации.
„Плачев многу, за мене, за репрезентацијата. Никогаш не сум плачел толку многу. Го остварив мојот сон, го остваривме сонот на сите Македонци. Но, сега гледаме напред. Не очекува Европското првенство и се фокусираме на претстојните натпревари“, истакнува „Гранде Мачедоне“.
Фудбалската репрезентација на Македонија првиот меч на ЕП ќе го одигра в недела, 13 јуни, на Националната арена во Букурешт, со почеток во 18 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл
