Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед успеа да го договори трансферот на офанзивецот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо. „Црвените ѓаволи“ се обидоа да го донесат Санчо и минатото лето, но не сакаа да платат обештетувањето од 120 милиони евра. Сега Борусија е подготвена да го ослободи англискиот репрезентативец за 95 милиони евра, а од Јунајтед се надеваат дека може дополнително да го намали обештетувањето.
Санчо дојде во Борусија летото 2017 година од младинската академија на Манчестер Сити за само 8 милиони евра. За четири сезони постигна 50 погодоци во сите натпреварувања, а само во Бундес – лигата постигна 38 гола и забележа 49 асистенции. Неговиот договор со германскиот клуб истекува во јуни 2023 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













