Три дена до стартот на Европското првенство за Македонија. Атмосферата е одлична, а иако нашиот национален тим испиша историја со самиот настап на ЕВРО, целите на „црвено-жолтите“ се многу поголеми. Селекторот Игор Ангеловски сега ја постави летвичката погоре, да се помине групната фаза, а голманот Столе Димитриевски потврдува дека репрезентативците не заминаа во Букурешт само по собирање убави впечатоци.
„Атмосферата е одлична, полека се ближи почетокот на ЕВРО и возбудата расте. Ние сме максимално фокусирани и не сме дојдено само да го доживееме Европското првенство. Сакаме да останеме тука подолго, сакаме со победа или нерешени резултати да дојдеме до следната фаза. Го исполнивме сонот да бидеме дел од Европско првенство, но сега амбициите се да ја поминеме групната фаза. Имаме голема самодоверба, подготвени сме и мотивирани првиот меч. Ги познаваме добро Австријците, првиот натпревар е секако најважен. Австрија е квалитетен противник, Арнаутовиќ и Алаба се добри шутери, но и ние имаме свои адути“, вели Столе Димитриевски, првиот чувар на мрежата на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













