Македонија прва пристигна во Букурешт, се приклучи и Украина, но репрезентацијата на Австрија, нашиот прв ривал на Европското првенство, и понатаму е во својот камп во австриското село Сифелд. Тоа се наоѓа на 1.200 метри надморска височина, а селекторот Франко Фода се обидува да им „вбризга“ што е можно повеќе кислород на фудбалерите пред стартот на ЕП и дуелот со Македонија на 13 јуни.
Но, Австријците се соочуваат и со незадоволството на фановите од нивните последни две изданија на пријателските натпревари против Англија (1-0) во Мидлсборо и против Словачка (0-0) во Виена. Проблематичен е нападот кој подолг период нема постигнато гол, а тоа ја красеше селекцијата на Австрија во квалификациите за Европското првенство.
„Ќе има голови на Европското првенство, воопшто не се грижам за тоа“, изјави селекторот Франко Фода обидувајќи се да ја неутрализира тензијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













