
Горчлив вкус имаат холандските љубители на фудбалот во Холандија по ремито (2-2) против Шкотска во подготвителниот натпревар за Европското првенство. Иако дуелот немаше посебен натпреварувачки карактер, селекторот Франк Де Бур реши да ја испроба формација 5-3-2. На крајот, Холанѓаните примија два гола со дефанзивно фокусиран тим, а Мемфис Депај ги спаси од пораз со голот во 89. минута.
Роналд де Бур, братот близнак на селекторот Франк, жестоко ја нападна формацијата и играта на репрезентацијата на Холандија.
Критики дојдоа од сите страни, особено поради напуштањето на класичниот систем 4-3-3, кој со години се негува во холандскиот фудбал и во репрезентацијата. Роналд де Бур беше меѓу првите критичари и не го поштеди својот брат.
„Јохан Кројф би се превртел во гробот. Истото го мислам и за играта на Барселона под водство на Роналд Куман, иако станува збор за многу привлечен систем. Франк е ученик на Ван Гал. Многу научи од него, но и Франк има свој стил, затоа што учеше од разни тренери“, изјави Роналд де Бур.
Откако ја презеде селекцијата од Роналд Куман, селекторот Франк де Бур ја предводеше Холандија од клупата на 10 натпревари. Оствари само четири триумфи, со исто толку ремија и два порази.
По ремито со Шкотска, Франк де Бур истакна дека нема да се откаже од својата идеја.
„Мислам дека експериментот не успеа, но јас воопшто не сум загрижен. Ова беше само првиот натпревар што го одигравме така. Ние исто така игравме повремено и во формација 4-3-3. Не очекувам дека сè ќе биде одлично веднаш, а факт е дека имаше и добри моменти“, изјави холандскиот селектор.
Холандија ќе ја пречека Македонија на 21 јуни на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам, во третото коло од групната фаза на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
