Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, останува на „Ванда Метрополитано“ до 2024 година. Соработката се обновува за дополнителни две сезони.
Втората шампионска круна во деветте години од неговиот мандат и фактот дека неговиот договор истекува на крајот од следната сезона беа причина раководството на Атлетико Мадрид да започне преговори со Диего Симеоне за продолжување на соработката.
Аргентинскиот стратег, кој ја обележа последната деценија на клубот немал некои посебни барања, освен тоа Атлетико Мадрид да го задржи курсот и да биде конкурентен и секоја наредна сезона со главните ривали во Ла Лига, Реал Мадрид и Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal