
Шкендија го искористи ремито на Шкупи против Работнички и се одлепи на врвот на табелата со два бода предност. Капитенот Егзон Бејтулаи ова го оценува како многу важен момент во трката за шампионската титула. Тој сега се приклучува на националниот тим, а Шкендија останува две седмици осамена на врвот.
„Многу е важно што репрезентативната пауза ќе ја минеме на првата позиција и со два бода предност во однос на Шкупи. Тоа го посакувавме и успеавме да го оствариме. Знаеме дека градските пресметки со Ренова се секогаш исцрпувачки и носат дополнителна тензија. Успеавме брзо да поведеме и потоа дишевме полесно, но во завршницата намалија на 1-2. Сепак, со пеналот на Ибраими се беше решено. Јас имав принудна пауза поради повредата и полека се враќам во натпреварувачки ритам. Теренот беше тежок, но успеавме да славиме и тоа е најважно. Сега се фокусирам на настапите на репрезентацијата и сакам да се пласираме на Европското првенство“, изјави Егзон Бејтулаи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
