
Германскиот стратег Томас Тухел потпиша нов договор со Челси до 2024 година. Тој дојде пред шест месеци на „Стемфорд бриџ“ и за кус период успеа да создаде таква хемија во тимот, а Челси стигна до пехарот во Лигата на шампионите.
Тухел имаше договор до јуни 2022 година, но по големиот успех сопственикот Роман Абрамович веднаш му понуди продолжување на соработката и нов договор.

„Фудбалскиот клуб Челси е многу среќен што може да потврди дека по нашиот триумф во Лигата на шампионите, договорот на Томас Тухел е продолжен за две години, како што беше договорено кога тој се приклучи на клубот.
Нашиот главен тренер ја презеде улогата во јануари и го предводеше тимот до четветото место на табелата во Премиер – лигата осигурувајќи го нашето место во Лигата на шампионите за 2021/22 година дури и пред да биде крунисан како победник за оваа сезона“, соопштија од Челси.
Челси под водство на Тухел стигна и до финалето на ФА Купот.
„Не можам да замислам подобар повод за обновување на договорот. Благодарен сум за искуството и многу сум среќен што останав дел од семејството на Челси. Останува уште многу да се работи и со големи амбиции ги очекуваме нашите следни чекори“, изјави Томас Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Кристијано Роналдо доби понуда од Бразил

Евро-фудбал
Орландо сити ги потопи Меси и другарите

Интернационалци
Трајковски ја урна Ријека (ВИДЕО)
