
Челси е освојувач на Лигата на шампионите, а Мејсон Маунт е еден од хероите откако на фантастичен начин го проигра Каи Хаверц во 42.минута за решавачкиот гол во големото финале во Порто. Тој е воодушевен од изданието на „сините“.
„Не можам да искажам со зборови колку сум среќен. Неверојатно е чувството да се биде на врвот на Европа. Досега играв во две финалиња со Челси и ги загубивме. Сè што сум сонувал е да освојам трофеј со Челзи. Да одиме до крајот во Лигата на шампионите. Во овој момент ние сме најдобриот тим на светот. Не можете да ни го одземете тоа!“, изјави еуфорично Мејсон Маунт.
Играчот за врска на Челси има голем респект и за ривалот Манчестер Сити.
„Каков тим е Манчестер Сити. Видовте што направија во Премиер – лигата. Беше толку тежок мечи. Постигнавме гол и успеавме да се одбраниме до крајот. Не можам да поверувам дека го направивме тоа“, дополни Маунт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
