Челси има водство во финалето на Лигата на шампионите и на одмор по првиот дел замина со предност од 1-0 со голот на Каи Хаверц во 42.минута. По фантастичната асистенција на Мејсон Маунт, германскиот интернационалец излезе сам пред Едерсон и успеа да го совлада. Тоа е првиот гол во кариерата за Хаверц во Лигата на шампионите, одбра одличен тајминг за да погоди.
Хаверц е третиот играч на Челси во историјата по Франк Лампард и Дидие Дрогба кој стрела во финална пресметка од елитното натпреварување. Интересно е дека на последните шест финални средби, победувал тимот што го постигнал првот гол.
Во второто полувреме на потег е Манчестер Сити на Пеп Гвардиола…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













