Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, објави дека ќе поднесе жалба на Спортскиот арбитражен суд (ЦАС) по аферата поврзана со Европската Суперлига. УЕФА продолжува да се „заканува“ дека Барселона, Јувентус и Реал Мадрид ќе имаат големи казни, но каталонскиот клуб одговори со иста мерка. Претседателот Лапорта објави дека ќе поднесе жалба.
„Му реков на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, дека нема да му се извинам затоа што клубот размислува за себе. И нема да платиме никаква неправедна казна. Ако бидеме казнети, ќе се жалиме на ЦАС и сигурен сум дека ќе победиме. Како клубови кои одлучија да ја формираат Суперлигата, ги разгледавме сите регулативи што ни овозможуваат да организираме натпреварување“, изјави Лапорта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













