Англискиот премиерлигаш Арсенал имаше лоша сезона, ниту од далеку не беше конкурентен во Премиер – лигата и раководството на клубот му даде одврзани раце на менаџерот Микел Артета да направи големи промени во тимот. Буџетот за засилувања ќе биде зголемен, а Артета гледа кон Манчестер Сити и двајца фантастични крилни фудбалери кои би можеле да бидат на трансфер – листата.
Арсенал ги посакува Рахим Стерлинг и Ријад Махрез и подготвен е најголемиот дел од буџетот за нови засилувања да го инвестира во овие два трансфери. Се чини дека Гвардиола е подготвен да ги пушти да си заминат доколку обезбеди нов централен напаѓач на местото на Серхио Агуеро. Се проценува дека за тандемот Стерлинг – Махрез „топчиите“ ќе треба да платат околу 140 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













