
По засилениот интерес на Јувентус за слободниот агент Џанлуиџи Донарума, иднината на Војчех Шчесни во Торино се повеќе се доведува во прашање. На старо-новиот тренер на “бјанконерите”, Масимилијано Алегри, му се допаѓа репрезентативецот на Полска, но клубот размислува да го продаде во обид да се ослободи од неговата плата.
Како негова можна дестинација повторно се спомнува Арсенал, а “Газета дело спорт” тврди дека “топчиите” со задоволство би испратиле понуда доколку Јуве навистина одлучи да го стави на продажба.
Шчесни помина девет години во Лондон, пристигнувајќи на „Емирати“ во 2006 година како 16-годишно момче. Тој беше прв голман на англискиот клуб од 2011 до 2015 година, пред да замине на двегодишна позајмица во Рома. По завршувањето на позајмицата, римскиот тим не го откупи договорот на голманот, па така тој потпиша за неговиот италијански ривал, Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
