
Џанлуиџи Буфон ова лето треба да одлучи каде ќе ја продолжи неговата кариера по повторното заминување од Јувентус. Договорот на голманската легенда со “старата дама” истекува на 30 јуни и тој слободно може да разговара со останатите клубови со цел да го пронајде својот следен предизвик.
Со оглед на тоа што неодамна даде изјава дека во Италија би играл само за Јуве или за Парма, сега се појавија гласини дека “млекарите” активно се обидуваат да го убедат да се врати во нивните редови. Сепак, тие ќе мора да почекаат неговите преставници да се состанат со други европски клубови за да ги слушнат и нивните понуди.
Грчкиот тим Олимпијакос, како и два бразилски клубови доставиле понуди за искусниот ветеран, додава “Скај Италија”. Инаку, од следната сезона, Парма ќе игра во втората по ранг италијанска лига, Серија Б, со оглед на тоа што оваа сезона, заврши на последното место на табелата во елитата. Исто така и Монца на Силвио Берлускони има понуда за Буфон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
