Баерн Минхен со триумф од 5-2 го заокружи новиот шампионски трофеј во Бундес – лигата, а Роберт Левандовски испиша историја уривајќи го рекордот на Герд Милер. Тој во 90.минута го постави конечниот резултат и го постигна 41 гол оваа сезона во германскиот шампионат, надминувајќи го фантастичниот рекорд на Герд Милер.

Кингсли Коман, Џошуа Кимих и Серж Гнабри стрелаа во првото полувреме, а гостите си постигнаа автогол уште на стартот. Левандовски исчекуваше до самата завршница и на крајот погоди.
Вердер Бремен испадна од Бундес-лигата откако на домашен терен загуби од Борусија Менхенгладбах (2-4) и му даде шанса на Келн со триумфот од 1-0 над Шалке да се избори за бараж за опстанок во елитата. Себастијан Борноу беше стрелец на победничкиот гол за Келн.
Борусија Дортмунд со 3-1 го совлада Баер Леверкузен, а Ерлинг Халанд беше двоен стрелец за „милионерите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













