
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе остане во тимот на Наполи и следната сезона, тврди „Газета дело спорт“. Влијателниот италијански весник ги објави имињата на „наполитанците“ кои клубот ги стави на трансфер – листа, а Елмас не е меѓу нив.
Пет фудбалери треба летово да го напуштат италијанскиот калчолигаш, а од Наполи многу веројатно заминува и тренерот Џенаро Гатузо.
Меѓу фудбалерите кои заминуваат од Наполи на крајот од оваа сезона се централниот дефанзивец Калиду Кулибали, играчот за врска Фабиан Руис, кои ќе бидат продадени, Елсеид Хусај и Никола Максимовиќ, кои заминуваат како слободни играчи, и Тиму Бакојако се враќа во Челси. Тој беше позајмен во составот на Наполи.
Елмас во август лани го продолжи договорот со Наполи до 2025 година, но, сепак, немаше голема минутажа под водство на Гатузо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
