
Страшна експлозија се случила утрово на имотот на извршниот директор на Селтик, Питер Ловел. Во раните утрински часови се слушнала огромна експлозија, која потоа предизвикала пожар, а уништен е и дел од куќата и автомобилите што биле паркирани.
За среќа, целото семејство Лоувел поминало неповредено, а полицијата веднаш започна истрага за инцидентот.
„Нанесена е огромна штета врз куќата и автомобилите на Питер Ловел по експлозијата и пожарот што се случи утрово. Семејството го напушти имотот, а тие беа потресени и шокирани од она што се случи. За среќа, сите се безбедни”, соопштија од Селтик.
„Шкотската полиција започна кривична истрага. Питер и неговото семејство имаат целосна поддршка од сите од клубот“.
Она што уште повеќе ги зачуди сите беше фактот дека неговата ќерка и нејзиното шестмесечно дете живееја на катот над гаражата каде што се случила детонацијата и само со огромна среќа ја избегнаа смртта.
Лоувел ја напушта позицијата извршен директор на Селтик на крајот на оваа сезона, а на негово место доаѓа Доминик Мекеј. 61-годишникот помина цели 18 години како директор на Селтик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
