Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Хернандез, кој веќе сериозно се наметнува и како тренер и во моментот е на кормилото на Ал Сад, доби понуда од соништата. Не станува збор за преземање на клупата на Барселона како што наголемо најавуваат каталонските медиуми, туку да биде селектор на репрезентацијата на Бразил.
Легендарниот Шпанец, по успешната сезона со Ал Сад, се поврзува со преземањето на клупата на Барселона, но тој истакна дека не знае ништо за тоа и дека има договор со катарскиот клуб. Медиумите во Шпанија пишуваат дека Чави има уште две понуди, а една од нив е понуда од соништата. Тоа е селекторската позиција во Бразил.
Планот на „кариоките“ е Чави да му биде асистент на Тите до завршувањето на Светското првенство во Катар, а потоа самостојно да ја преземе работата со „селекао“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













