Connect with us

Депај официјално го напушта Лион, ќе преговара сам со Барселона

Мемфис Депај потврди дека го напушта Лион по истекот на неговиот договор следниот месец. Се верува дека холандскиот репрезентативец ќе се пресели на “Камп Ноу” ова лето како слободен агент, со оглед на тоа што каталонците го следат уште од јануари.

Сега, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед откри дека ќе се претставува себеси во преговорите со Барса. “Време е да преземам контрола над мојата кариера”, напиша тој на Твитер.

“Дојдов до точка каде што треба да направам важен избор за својата иднина. Решив да преговарам за мојата иднина заедно со мојот тим, поддржан од правни експерти. Јас сам ќе одлучам за мојата идна дестинација, а вие ќе бидете први што ќе дознаете”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови