
Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп, сериозно размислува да го врати Карим Бензема во редовите на националниот тим. Тој од 2016 година не е дел од селекцијата на „триколорите“ откако беше исфрлен поради уценување на Матие Валбуена. Бензема беше приведен под сомнение дека учествувал во уцена на Валбуена со видео запис за сексуално дело. За ова му се закануваше и затворска казна во траење од пет години.
Како што наведува „Л’Екип“, а потврдија и голем број влијателни европски медиуми, можно е Карим Бензема сепак да се најде во составот на Дидие Дешамп. Голем удел во ова има и претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел ле Грает, кој долг период се обидува да го премисли селекторот затоа што Бензема е несомнено најдобриот француски напаѓач.
Голгетерот на Реал Мадрид се наоѓа во одлична форма оваа сезона. Постигна 22 гола во Ла Лига и има осум асистенции. Тој постигна шест гола на десет натпревари во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal