
Реал Мадрид сака да се ослободи од десет играчи во летниот преоден рок, а според шпанскиот „АС“, Еден Азар е на врвот на списокот. Меѓу тие десет играчи има уште неколку големи имиња, а Белгиецот треба да биде придружуван на излезната врата од дефанзивецот Рафаел Варан.
„Кралскиот клуб“ сака да се ослободи од Герет Бејл, а на Велшанецот му останува уште една година од договорот. Тоа е и најголемиот проблем за Реал Мадрид во моментов. Тој по завршувањето на сезоната треба да се врати од позајмицата во Тотенхем во Мадрид. Неговата годишна плата е огромна и раководството бара начин за негова продажба.
Лука Јовиќ, Марко Асенсио, Иско, Маријано Дијаз и Борха Мајорал се исто така играчи кои Реал сака да ги продаде во летниот преоден рок. Иако Дани Себалјос изрази желба да игра за Реал Мадрид, се чини дека тој ќе го напушти шпанскиот гигант по враќањето од позајмицата од Арсенал. Постојат големи шанси „кралскиот клуб“ да се збогува и со легендата на клубот Марсело ова лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
