
Интер ја освои шампионската титула во Серија А по пауза од 11 години, но куса беше радоста за резултатскиот успех на „Џузепе Меаца“ затоа што финансиските проблеми го мачат клубот од Милано. Претседателот Стивен Жанг по седум месеци пауза се врати во Италија и побара од фудбалерите и од стручниот штаб да се откажат од последните две плати, со што клубот би спасил околу 30 милиони евра во овој критичен финансиски период.
Но, одговорот на Антонио Конте и на фудбалерите не му се допадна на кинескиот сопственик. Тие не сакаат да се откажат од парите што ги имаат заработено со освојувањето на шампионската титула.
Поради ова, Антонио Конте најверојатно веќе донел одлука да замине, а на удар се и најголемите ѕвезди, Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез. Не затоа што не сакаат да останат во Интер, но бидејќи клубот се бори со ликвидност, а нивната цена на трансфер – пазарот е најголема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal