Connect with us

Реал најскап фудбалски бренд на светот

Британската консултантска компанија „Brand Finance“ го претстави рејтингот на најскапите фудбалски брендови во светот.


Првото место, како и минатата година, му припадна на Реал Мадрид, иако вредноста на брендот падна од 1,572 милијарди на 1,499 милијарди долари.


Второто место на рангирањето го задржа Барселона, чија вредност на брендот изнесува 1,487 милијарди долари. На третата позиција е Манчестер јунајтед со вредност 1,327 милијарди.


Во Топ 10 најскапи фудбалски бреднови во светот се најдоа и Манчестер сити (1,313 милијарди), Баерн Минхен (1,255 милијарди), Ливерпул (1,143 милијарди), ПСЖ (1,042 милијарди), Челси (904 милиони), Тотенхем (849 милиони) и Арсенал (792 милиони).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови