
Тренерот на Интер, Антонио Конте, донел одлука да замине од „Џузепе Меаца“ по завршувањето на оваа сезона. Иако по 11 години титулата ја врати во своите витрини, атмосферата во Интер не е на највисоко ниво поради тоа што раководството на клубот доцни со исплатата на обврските кон фудбалерите и стручниот штаб. Првиот човек Стивен Жанг побара од актерите да се откажат од дел од примањата за да му помогнат на клубот да го премости овој тежок период предизвикан од глобалната пандемија на коронавирусот.
Сепак, ниту фудбалерите, а ниту членовите на стручниот штаб немаат многу слух за проблемите на раководството и си ги бараат заслужените финансиски примања.
Конте, како што откриваат италијанските медиуми, не сака да продолжи да работи во таква атмосфера и одлучил да замине од Интер. Ќе го информира раководството и официјално по завршувањето на првенството во Серија А претстојниот викенд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal